Никола Јокиќ одигра уште еден натпревар за паметење во НБА-лигата. Српскиот репрезентативец запиша трипл-дабл, но неговиот Денвер беше совладан од Њу Орлеанс со 110-115. Пеликанс водеа во текот на целиот меч, во еден момент беше 82-62, Нагетси пред самиот крај успеаја да се вратат и да дојдат на 102-103, но немаа сили за пресврт.
Јокиќ мечот го заврши со 26 поени, 16 скока и 18 асистенции, што пак е овосезонски рекорд. Никогаш во историјата на НБА-лига, никој не дошол до такви бројки.
Ова беше четвртти меч на кој имал повеќе од 25 поени во комбинација со нас 15 асистенции и скокови. Со ова се изедначи со Вил Чембрлен на второто место, додека пред него е Оскар Робертсон со 14.
Никој од 1990 година нема остварено ваков учинок, неверојатно звучи податокот дека во последните 40 години, центрите во лигата само осум пати дошле до скор над 20 поени, 10 скока и 15 асистенции. Седум од тие осум ги направи токму Јокиќ.
Шарлот – Милвоки 99-130
Вашингтон – Њујорк 99-120
Аталанта – Филаделфија 116-126
Кливленд – Детроит 108-100
Сан Антонио – Сакраменто 120-129
Торонто – Бостон 105-108
Чикаго – Орландо 97-103
Њу Орлеанс – Денвер 115-110
Портланд – ЛА Лејкерс 95-107
Јута – Феникс 128-131
ЛА Клиперс – Хјустон 106-100