Новак Ѓоковиќ денеска повторно ќе се сретне со Јаник Синер, овој пат во финалето во Торино. Српскиот тенисер на првата пресметка беше поразен од Италијанецот, но сега верува дека може да дојде до нов пехар.
„Се надевам дека сезоната ќе ја крунисам со нов пехар.
„Имам дополнителен мотив против Синер бидејќи веќе ме победи. Тој го игра најдобриот турнир до сега, бидејќи игра на крилата на публиката. Се надевам дека искуството ќе ми помогне малку, иако тоа нема да биде пресудно. Мислам дека е добро што игра против него во таква атмосфера“, изјави Ноле пред пресметката која е закажана во 18 часот.
Што се однесува до дуелот со Карлос Алкараз тој поренцира дека пред Шпанецот е голема иднина.
„Еден од најкомплетните играчи што сум ги видел, тој веќе има блескава кариера, тоа го чека и во иднина. Знам дека против него мора да дадам се од себе, исто како против Федерер и Надал“.