Англија од пред неколку часа е во Скопје, фудбалерите на „Гордиот албион“ се веќе во хотелот „Мериот“, а во земјава слетаа околу 18 часот со лет од Бирмингем. Како што веќе јавивме, гостите нема да тренираат на нашиот најголем стадион во пресрет на утрешната пресметка со Македонија во рамките од квалификациите за ЕП 2024.
На прес конференцијата во Скопје, селекторот Герет Саутгејт напомена:
„Трипие не е со нас и мора да бараме алтернатива за левата бековска позиција од постоечките фудбалери. Имаме неколку решенија. Ќе имаме промена во тактиката и од тоа ќе зависи кои играчи ќе го почнат натпреварот утре. Во петокот со Малта бевме на ниво, победивме. Го гледав противникот на дуелот со Италија, тие се ранети по дуелот во Манчестер, утре ќе има полн стадион и очекувам добар натпревар“.
Околу повредите и ситуацијата со Маркус Рашворд!?
„Рашворд е добро, тој… но сакам дека имаме и други играчи. Сега го склопуваме тимот на ЕП и сите треба да знаат дека имаат конкуренција“.
Кој е фокусот на Англија за утрешниот меч
„На дуелот со Малта не бевме на потребното ниво. Да се вратиме на она ниво од претходно и да стигнеме до посакуваната цел“.