Португалија убедливо го потврди првото место во групата и пласманот на Европското првенство, откако вечерва на стадионот на Спортинг во Лисабон го победи Исланд со 2:0 и натпреварувањето го заврши со максимални 30 бода.
Бруно Фернандеш го постигна водечкиот гол со одличен удар од далечина во 37. минута, а Рикардо Орта зголеми на 2:0 во 65. минута по асистенција на Кристијано Роналдо.
Луксембург славеше во Лихтенштајн со голот на Родригез за 1-0 во 69. минута за да заврши на високото трето место.
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ги заврши очајните квалификации со пораз од Словачка (1:2) на стадионот „Билино Поље“ во Зеница.
Овие квалификации се најлоши по репрезентацијата на БиХ во кои на крајот заврши на 4. место со 10 бода, зад Португалија, Словачка и Луксембург.
Репрезентациите на Шпанија и Шкотска исто така се пласираа на ЕВРО 2024 од квалификациската група „А“.
Со триумф на домашен терен против Грузија од 3:1, Шпанците го потврдија првото место во групата. Болен момент за Шпанија, но и за Барселона, се случи во 26. минута кога играчот од средниот ред Гави поради повреда мораше да го напушти теренот, а се чини дека го чека подолга пауза.
Спектакуларен натпревар имаше во Глазгов, каде Шкотска ремизираше со Норвешка со 3:3.