Фит Фан Волеј го предизвикува лидерот Струмица

106

Денеска и утре треба да се одиграат натпреварите од новото 8. коло во домашното одбојкарско првенство во женска конкуренција. Оваа сезона кај дамите е исклучително интересно, затоа што во битката за врвот се вклучени неколку екипи, кои уште во првите кола најавија жестока битка за титулата.

Откако останаа непоразени и во големото струмичко дерби против Наковски Волеј, лидерките, екипата на Струмица, денеска во Скопје ќе имаат уште еден интересен дуел против незгодниот Фит Фан Волеј, кој покажа дека и против фаворитите знае да одигра одлични дуели. Наковски Волеј, пак, денеска на домашен терен ја пречекува екипата на Вардар 2019, додека шампионот Работнички го пречекува штипски Младост УДГ.

За утре е закажан дуелот меѓу екипите на јанта Волеј и Вардар ЕМ.

Прва лига – жени / 8. коло

Денеска: 

16:30 Работнички – Младост УДГ

18:00 Фит Фан Волеј – Струмица

20:00 Наковски В. – Вардар 2019

Утре: 

20.30 јанта Волеј – Вардар ЕМ

ПретходноИнцидент и во Лима: Перуанската полиција со палки по репрезентативците на Венецуелa (ВИДЕО)
СледноБобан Илиоски обезбеди полуфинале на СП во Португалија