Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски, обезбеди полуфинале на Светското ВАКО првенство во Португалија, откако славеше над Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина со 3-0 во мечот од четвртфиналето во категоријата до 86 килограми (лоу-кик).
Оваа победа на Илиоски му носи најмалку бронзен медал. Во полуфиналето сега го очекува дуел со Елјан Алкишијев од Азербејџан.
Денеска на СП настап ќе има и Климент Грозданоски, додека Андреа Костовска беше поразена на стартот од Унгарката Фани Лаура Ковач 0-3.