Кисум: Со нашите фанови имаме шанси да го победиме Пик Сегед

110

Пелистер вечерва (18:45 часот) на домашен терен го пречекува Пик Сегед, тим кој пред една недела им го нанесе седмиот пораз на ракометарите на македонскиот првак во Лигата на шампионите.

Битолчани беа одлични во првото полувреме, но потоа го загубија здивот. Свесни се дека мора да играат многу подобро и константно доколку сакаат да дојдат до првите бодови. Охрабрени од првото полувреме, со помош на своите верни фанови веруваат дека вечерва можат да дојдат до голема победа.

„Пик Сегед е одлична, динамична екипа. Имаат одлични шутери и пивотмени кои играат добро еден на ден. Мора да се справиш со различни типови на играчи кога играш одбрана против овој тим. Шест на шест во одбрана игравме добро во поголем дел од натпреварот. Треба да продолжиме со овој план на игра. Научивме од првиот натпревар и со нашите фанови имаме шанса да го победиме Пик Сегед“, изјави пред мечот Каспер Кисум. 

Во составот на Пелистер има едно освежување, Филип Кузмановски, а ќе има промени кај голманите, се враќа Гедбан на местото на Кизиќ.

ПретходноЗа еден глас не е прифатен предлогот за забрана за трансфери меѓу клубови со исти сопственици!
СледноПосле три месеци, конечно добра вест за Ерик тен Хаг