Потег за паметење: Вестбрук го испрати Дончиќ на клупа! (ВИДЕО)

1820

Ноќеска во НБА се одиграа неколку натпревари, но ќе се памети потегот на Расел Вестбрук, кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс кон Лука Дончиќ, ѕвездата на Далас. Не само што Клиперси победија а Дончиќ имаше лош настапи пред се лоша одбрана, Вестбрук во еден момент откако покрај Словенецот постигна кош, му порача на Лука – „Ајде на клупа“. Ова го прифати тренерот на Маверикс, Џејсон Кид и ја “седна“ својата ѕвезда на клупата.

Инаку Клиперси победија со 107:88. Дончиќ постигна 30 поени но за тоа му беа потребни 27 шута.

На останатите мечеви Оклахома доживеа пораз од Филаделфија со 123:127, Бруклин го победи Мајами со 112:97, Аталанта беше подобра од Вашингтон со 136:108, ЛА Лејкеср славеше против Кливленд со 121:115, Дејвис заврши со 32 а Џејмс со 22 поени.

Претходно“Ајдуци“ со порака: Заеби вино, дај мастика!
СледноЕве како е утринава во Струга! (ФОТО)