Маџунков има проблеми со коленото: Принудна пауза пред полуфиналето во Купот на Белгија

67

По одличниот старт на сеозната во дресот на новиот клуб Лувен во Белгија, македонскиот репрезентативен блокер Филип Маџунков се повреди. Поради болии во коленото мораше принудно да направи двонеделна пауза, поради што не ги одигра последните мечеви за својата нова екипа и во првенството на Белгија, но и во европските купови.

„Имав болки во коленото и по совет на лекарите морав да направам пауза. Примав инјекции и сега се чувствувам добро. Се враќам на тренинзи и полека ќе ја темпирам формата за полуфиналето на Купот на Белгија кој не очекува“, вели Маџунков.

Без него во тимот на Лувен и не му оди најдобро. Во последните два меча во првенството тимот на нашиот репрезентативец беше двапати поразен, но успеа да слави на оној прв меч од 1/16-финалето во ЦЕВ Купот против екипата на белградски Партизан. Токму в среда против Партизан, Лувен го игра и реваншот во ова натпреварување, но овој пат на домашен терен.

ПретходноРепсол Хонда потврди: Лука Марини е замената за Марк Маркез
СледноМиовски со голот против Ренџерс се најде во „Тимот на колото“ (ФОТО)