Едуарда Аморим Талеска беше задолжена за македонската ракометна репрезентација во текот на ЕХФ-неделата во која „црвено-жолтите“ двапати славеа против Велика Британија. За овој собир беа повикани 22 ракометарки, сите од домашниот шампионат.
Аморим даде краток осврт на последната средба против Велика Британија која Македонија ја доби 37-19 и потенцира дека е задоволна од она што било сработено за време на ЕХФ-неделата.
„Вториот натпревар против Велика Британија беше потежок од првиот бидејќи девојките требаа да играат одбрана „3-2-1“ и „7-6“, беше понапорно. Но, можам да кажам дека супер ги спроведоа задачите, беа максимално сконцентрирани.
Во напад можеше подобро, на моменти фалаше дисциплина. Но, ако ја земеме во предвид оваа измината недела, беше навистина позитвна и мислам дека треба да продолжиме да работиме во ист ритам“, изјави Аморим по собирот.