Кај мажите тетовско дерби, Наковски В. ги чека шампионките

105

Со мечот во Скопје меѓу екипите на Вардар ЕМ и Вардар 2019 веќе почна вонредното коло во одбојкарските прволигашки конкуренции и кај мажите и дамите. Денеска треба да продолжат натпреварите од 8. коло во машка и 10. коло во женска конкуренција.

Кај мажите денеска на програмата се четири меча, еден ќе се одигра в петок, додека дуелот меѓу Штип УДГ и Струмица е одложен за 6 декември поради настапот на нашиот првак во Купот на ЦЕВ.

Кај девојките; Вардар ЕМ ја оствари и втората сезонска победа во градското дерби со „имењачките“. Денеска ќе имаме големо дерби меѓу екипите на Наковски Волеј и шампионот Работнички.

Прва лига (мажи), 8. коло

Лирија – Универзитет во Тетово          (денеска, 20.00)

ГОК Борец – Шкендија                          (денеска, 17.00)

Сушево – Вардар                                (денеска, 20.00)

Весна Пробиштип – Македонија Џио   (денеска, 19.00)

Работнички 71&22 – Јанта волеј          (петок, 20.30)

Штип УГД – Струмица 47&72               (6-ти декември, 19.00)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (21); 2. Штип УДГ (18); 3. Лирија (17); 4. Универзитет во Тетово (12); 5. Работнички 71&22 (12); 6. Шкендија (12); 7. Весна Пробиштип (12); 8. Борец (9); 9. Јанта Волеј (6); 10. Сушево (4); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).

Прва лига (жени), 10. коло

Вардар ЕМ – Вардар 2019                   3:0 (25:18, 25:18, 25:15)

Наковски волеј – Работнички Скопје    (денеска, 20.00)

Фит фан волеј – Младост УГД             (четврток, 20.00)

Јанта волеј – Струмица жени              (6-ти декември)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (26); 2. Наковски В. (24); 3. Јанта Волеј (19); 4. Работнички (17); 5. Фит Фан Волеј (10); 6. Младост УДГ (8); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).

ПретходноКој би рекол: Салах е зависен од играње шах и сака да се „проба“ со Магнус Карлсен!
СледноШок во Германија: На 25 години почина некогашен младински репрезентативец!