Формула 1 во 2024 со рекордни 24 трки, ќе има трки и во саботите!

426

Макс Верстапен уште си ја прославува својата трета последователна титула светски првак во Формула 1, но уште сега се знае распоредот за наредната сезона.

Имено во 2024 во календарот предвидени се рекордни 24 трки, тоа се две повеќе од 2023 и сезоната ќе биде подолга и тоа до февруари до декември а не како што беше досега од март до ноември.

Ќе има три ноќни трки, а на некои ГН ќе се вози и во сабота, како онаа првата со која ќе стартува новата сезона.

Како што се истакнува сезоната ќе започне од 29 февруари – 2 март со трката во Бахреин, која ќе се вози во сабота. И втората трка на 7-9 март во Саудиска Арабија ќе се вози во сабота поради Рамазан.

Инаку сезоната ќе заврши на 6-8 декември на патеката “Јас Марина“ во Абу Даби.

ПретходноШокантно: Нема место за Меси во идеалниот тим на МЛС!
СледноЗгаснува еден од најпознатите турски клубови