Поплава во Истанбул, сепак мечот Галатасарај – Манчестер Јунајтед ќе се игра! (ВИДЕО)

754

Иако силниот дожд и поплавениот терен на стадионот „Рамс Парк“ во Истанбул прават и тоа какви проблеми, сепак последните информации се дека мечот меѓу Галатасарај и Манчестер Јунајтед ќе се одигра во планираниот термин и тоа вечерва од 18:45 часот.

Организаторот уверува дека се ќе биде во ред со теренот и дека може да се игра натпреварот без никакви проблеми.

Да потсетиме дека мечот е од голема важност за двете екипи.

Турскиот тим по 4.коло во групата -А има 4 бода и е трет на табелата, додека Јунајтед е четврти со 3 бода.

Во пваа група Баерн Минхен со 12 бода веќе е во следната фаза, додека вториот Копенхаген има 4 бода. Токму затоа овој меч во Истанбул е од пресудна важност за Галата и Јунајтед.

ПретходноМилан како да е „проколнат“: 25 повреди од почетокот на сезоната, последен во низата е Тиао!
СледноАлкараз се заканува: Се ќе сториме да го спречиме Новак да освои “Голден Слем“!