Денеска во Струмица се играше “Дербито на Истокот“ во кој се сретнаа Брера и Брегалница. Проследивме одличен меч, со многу шанси, а ќе беше трагедија ако момците на Горан Здравков го загубеа овој меч зошто одиграа добро, имаа и неколку зицери, па и погодена пречка на домашните.
И тогаш дојде таа 90+4.минута кога Роналдо успеа да и донесе бод на Брегалница израмнувајќи на 1:1, со шти ја “расплака“ Брера.
Инаку претходно, во првото полувреме струмичани со прекрасниот гол на Матеј Цветаноски дојдоа во водство од 1:0.