Пелистер не успеа да приреди изненадување на гостувањето кај фаворитот Кјелце, го запиша деветтиот пораз (35-25) во Лигата на шампиони.
Битолчани на оваа средба имаа поддршка од трибините, а сите заедно по завршување на истата испратија една порака: Заедно во добро и во лошо.
Македонскиот првак нема време за тагување, веќе во следното коло го чека нова задача во најсилното европско клупско натпреварување, пред своите фанови во салата „Боро Чурлевски“ го пречекуваат ППД Загреб, можеби една од најдобрите шанси да дојде до посакуваните бодови оваа сезона.