По убедлвиот пораз во Лигата на шампионите од Кјелце, Пелистер дојде до убедлива победа во Супер-лигата. Македонскиот првак се рехабилитираше против Пролет, славеше со 32-21 и дојде до 12 победа оваа сезона.
Радивојевиќ, Кузмановски, Васиљев и Пешевски по четири гола. На другата страна Арсеновски имаше пет погодоци.
Во истата група Б, Голден Арт дојде до убедлива победа против Прилеп (32-21) и дојде на два гола до Пролет, кој се наоѓа на четвртото место на табелата. Домаќинот по првото полувреме водеше со 12-10, дуелот го реши во вториот дел во кој беше многу подобар.
Даев постигна пет гола, по четири имаа Ончев и Милошевски. Кај Прилеп, Кастратович постигна пет погодоци.