Фудбалерите на Хамбургер и оваа сезона играат променливо и повторно може да се доведат во ситуација да не изборат враќање во Бундес лигата. На големото градско дерби со Ст.Паули во Цвајте си постигнаа бизарен автогол.
Во 27 минута по лоша координација на дефанзивците, голманот Даниел Нојер Фернандес си постигна автогол за смеа. Во тој момент Ст.Паули поведе со 2:0. Мала утеха е што Хамбургер во второто полувреме постигна два гола и одигра 2:2.