Италијанката Федерика Брињоне е победничка на вториот велеслалом сезонава, откако беше најдобра во Тремблан, Канада. Тоа воедно е прва победа на Брињоне сезонава во Светскиот куп во алпско скијање, а вкупно 22 во кариерата со што се изедначи со Софија Гоџа на листата на Италијанки со најмногу победи во СК.
Освен тоа за Брињоне ова е деветта победа во велеслаломот плус со 33 години, 4 месеци и 2 недели таа стана највозрасната жена со триумф во велеслаломот во СК.
Зад неа се пласираа Петра Влхова и на третото место е Микаела Шифрин.
Утре во Трембланд е закажана уште една трка во велеслалом, па караванот се сели во Ст.Мориц, Швајцарија каде што ќе се вози супервелеслаллом и спуст.
Кај мажите трките во Бивер Крик, САД се откажани поради временски неприлики.