Манчестер Јунајтед поразен на „Сент Џејмс Парк“ (видео)

279

Со голот на Антони Гордон во 56.минута екипата на Њукасл славеше победа со 1:0 над Манчестер Јунајтед на својот „Сент Џејмс Парк“. Гордон „распали“ од далечина и ја затресе мрежата на немоќниот Онана.
Во првото полувреме Њукасл имаше две убави шанси, прво Александер Исак промаши, а потоа Трипие ја погоди пречката. Јунајтед имаше шанса во 11 минута прв да поведе но голманот Поуп му го одбрани ударот на Гарначо.
Во финишот на мечот Антони шутираше но го погоди Мегваер и топката заврши во мрежата, но голот беше поништен затоа што дефанзивецот на Јунајтед бил во офсајд (Ситуацијата на овој линк).

Така Јунајтед по трите врзани победи над Лутон, Евертон и Фулам, повторно е поразен. Втор пат губи од Њукасл затоа што „црно-белите“ славеа во Лига купот.
Инаку Њукасл втор пат по ред го победува Манчестер Јунајтед на свој терен во првенството. Лани славеше со 2:0.
На табелата, Њукасл е на петтото место со 26 бода по 14 кола, а Јунајтед две места подоле со 24 бода.
Пред овој меч експедицијата на Манчестер Јунајтед мораше да патува на северот на Англија со автобус поради тоа што авионот им беше откажан. Причината е снегот и лошите временски услови.

ПретходноМилан го декласира Фросиноне, деби гол на Јовиќ
СледноСупер – дерби: Шкендија пет години сонува победа на Чаир!