Тер Штеген мора на операција: Барса подолго време ќе биде без првиот голман

134

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген ќе биде опериран оваа недела, попладнево потврдија од клубот. Германскиот голман конечно одлучи да оди на операција за да ги надмине болките во грбот кои ги има веќе три недели и кои го спречуваат да му биде на располагање на Чави. Одлуката е негова и клубот ќе ја почитува.

„По интензивните разговори со лекарскиот тим и неколку стручњаци, решивме дека е најдобро да се направи операција“, напишал германскиот голман на социјалните мрежи.

Тој се повреди за време на тренинг кампот со својата репрезентација во ноември, а веќе пропушти три натпревари: против Рајо и Атлетико во Ла Лига и против Порто во Лигата на шампионите.

ПретходноЛоши вести за Тотенхем: Медисон во “аут“ до крајот на февруари!
СледноШведска доби привремен селектор во предводникот на младата репрезентација