ПМФЛ: Струга ТЛ со сите сили на победа против Воска, Вардар гостува во Кратово

202

 

Денеска од 13 часот се играат двете средби од 15.коло кои требаше да се играат на 26 ноември, но поради временските услови беа одложени.

Тоа се Струга ТЛ – Воска и Силекс – Вардар.

Во Струга се игра “езерското дерби“, во кое шампионот е голем фаворит. Тимот на Струга ТЛ сама си решава за тоа дали ќе биде есенски шампион. Потребни се две победи, денеска со Воска и во недела со Брегалница, исто на свој терен.

За тоа што може да се очекува од денешниот меч, свој коментар има голманот на шампионот Ведран Ќосевски:

Тежок меч е пред нас, ги знаеме квалитетите на Воска. Нема да биде лесно. Го респектираме тимот на Воска, но ние си имаме свои амбиции. Знаеме дека ни се потребни овие две победи, со Воска и Брегалница, се надевам дека ќе го дадеме максимумот и дека ќе победиме и на двете, па така оваа есенска полусезона ќе ја завршиме како први на табелата“ рече покрај другото Ќосевски.

Во Кратово пак домашниот Силекс го дочекува Вардар, тим кој секако охрабрен по триумфот во Ѓорче посакува да дојде макар до бод. Некогаш, пред три децении, овие мечеви меѓу Силекс – Вардар решаваа кој ќе биде шампион, но сега и Силекс а посебно Вардар се далеку, далеку од битката за титулата.

Во секој случај се очекува борбен меч зошто бодовите и тоа како им се потребни и на двете екипи.

ДВОЈКИ ЗА 15.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Струга: Струга ТЛ – Воска

Кратово: Силекс – Вардар

ПретходноОфицијално: Беласица и Беќаров се разделија!
СледноЛеброн не го „мириса“ Нуркиќ, овој пат го удри во меѓуножје (ВИДЕО)