Дербито во Штип во понеделник, Фит Фан Волеј го предизвикува Наковски В.

173

Новото 10. коло на домашната машка одбојкарска сцена ќе биде разлеано во повеќе денови. Почнувајќи од вчерашниот дуел меѓу Сушево и Струмица, па преку два меча кои се играат денеска, како и по еден во понеделник и среда.

Дербито е закажано за во понеделник во салата „Јордан Мијалков“ Штип, каде екипата на Штип УДГ ќе го пречека конкурентот за место во главната „шесторка“, екипата на Шкендија.

Во женска конкуренција викендов на програмата е 12. коло. Таму главната пресметка ќе се одигра вечерва во Струмица. Непоразениот состав на Струмица го пречекува тимот на Младост УДГ кој ќе се обиде достојно да им парира на фаворитките за највисок пласман. Интересно може да биде и на пресметката во Скопје,каде Фит Фан Волеј го предизвикува вториот струмички прволигаш, Наковски Волеј.

Прва лига (мажи), 10-то коло

Вардар – Универзитет во Тетово         (сабота, 12.00)

Лирија – Јанта волеј                           (сабота, 18.00)

Весна Пробиштип – ГОК Борец           (сабота, 18.30)

Штип УГД – Шкендија                          (понеделник, МРТ-3, 18.00)

Македонија Џио – Работнички 71&22   (среда, 19.30)

ВЧЕРА: Сушево – Струмица                 0:3 (21:25, 18:25, 20:25)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (30); 2. Штип УДГ (21); 3. Лирија (20); 4. Весна Пробиштип (18); 5. Работнички 71&22 (18); 6. Шкендија (15); 7. Универзитет во Тетово (15); 8. ГОК Борец (12); 9. Сушево (7); 10. Јанта Волеј (6); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).

Прва лига (жени), 12-то коло

Фит фан волеј – Наковски волеј           (сабота, 16.00)

Струмица  – Младост УГД           (сабота, 18.00)

Јанта волеј – Вардар 2019               (сабота, 20.00)

ВЧЕРА: Вардар ЕМ – Работнички          0:3 (21:25, 19:25, 23:25)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (31); 2. Наковски В. (28); 3. Работнички (23); 4. Јанта Волеј (22); 5. Фит Фан Волеј (13); 6. Младост УДГ (11); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).

ПретходноВМФЛ: За крај на есенската полусезона Беса ја дочекува Победа, Пелистер пред лесни три со Осогово
СледноАнчелоти: Би сакал да бидам селектор на Италија