Ф1 е скап спорт: Верстапен само за лиценца за настап во 2024 година ќе плати 1,2 милиони евра!

371

Формула 1 е исклучително скап спорт. Од цената на гумите и навртките за болидите до паричните казни и бирократски давачки. Тимовите и возачите секоја година плаќаат за лиценца за да се натпреваруваат во светскиот шампионат на Гран При трки, потпишувајќи договор без кој немаат право да стартуваат, без разлика дали имаат договор со тимовите.

Износите кои ФИА ги определува за оваа ставка растат и секоја година се индексираат за 6,5%. Со зголемувањето на бројот на Гран При трките, спринтовите, а сега се даваат поени и за најбрз круг, таксите неминовно растат и ќе продолжат да растат, бидејќи цената на лиценцата за новата сезона е директно поврзана со перформансите во претходната.

Неверојатната сезона на Макс Верстапен со третата титула, 19 победи, 1003 кругови и 92,7% од можните освоени поени му носат трошоците за супер лиценца за 2024 година во висина од 1.217.900 евра! Ова е едноставно невиден износ и нов светски рекорд (претходниот, инаку, исто така му припаѓа на Верстапен – 963.800 евра).

Трошоците за супер лиценца се пресметуваат од две компоненти: износот на основната такса, која во 2024 година ќе биде 10.400 евра според Договорот за учество и дополнителен надомест од 2100 евра за секој освоен бод во изминатата сезона. Според овие пресметки, ФИА само од издавање лиценци за Ф1 пилотите ќе инкасира неверојатни 4.924.700 евра.

ПретходноКасемиро и Варан во „пакет“ во Саудиска Арабија?
СледноДончиќ продолжува да блеска, Јокиќ е непрепознатлив (ВИДЕО)