Гостивар нема пораз од 17 септември, последен пат загубил од денешниот ривал, од “лавовите“!

192

Дали денеска дојде денот за одмазда, за наплата на “долговите“? Ќе видиме околу 15 часот кога ќе заврши средбата Гостивар – Македонија ЃП, прва од последното есенско коло оваа сезона во ПМФЛ.

Интересно, Гостивар е без пораз цели 10 меча во серија во која има 4 победи и 6 ремија. Последен пат гостиварци биле поразени од Македонија ЃП со 3:0 и тоа на 17 септември, значи речиси цели три месеца. Затоа велиме дека дојде денот за одмазда.

Сепак треба да се каже дека Гостивар денеска против “лавовите“ ќе мора да игра без најдобриот, без Алпер Потук кој не само што е под суспензија и има пет жолти картони, туку е и повреден. Но затоа има тука квалитет кој ако се покаже би требало да слави Гостивар денеска пред своите фанови.

Од друга страна тимот од Ѓорче по поразот минатото коло од Вардар на свој терен, повторно се најде во “опасно друштво“ во битката за опстанок па бодовите и тоа како му се потребни, но едно е желбата а сосема друго се можностите.

Во секој случај ќе биде интересно, Гостивар е фаворит на хартија и посакува по три ремија во серија да дојде до победа.

Денешниот натпревар, како што рековме прв од 18.коло, почнува од 13 часот а сите останати се закажани за утре.

ПретходноНова мешаница во НБА-лига: Четворица кошаркари тргнаа кон босанскиот ѕвер (ВИДЕО)
СледноНавивачите ги чекаа играчите, наместо фотографија добија „среден прст“ (ВИДЕО)