Без голови се игра по првите 45.минути на средбата меѓу Гостивар и Македонија ЃП, прва од последното есенско коло во ПМФЛ.
Очекувано Гостивар напаѓаше, имаше и три голема шанси преку Кехинде во 11.минута и 41.минута, потоа Атиемвен во 22.минута и Закпа во 26., но голманот на “лавовите“ Христијан Стевковски беше феноменален на голот и благодарение на неговите интервенции, на пауза се замина со тие почетни 0:0.
Инаку гостите се заканија преку Алексовски, но тоа не беше којзнае каков удар да се загрози домашниот гол, исто како и оној обид на Закпа во 9.минута кога неговиот шут заврши далеку од голот на Стевковски.
Гостивар напаѓа, има иницијатива, но и со многу грешки во креираењето на акциите, додека “лавовите“ се ориентирани само на одбрана со обиди преку контранапади да дојдат до шанса.