Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно беше најдобар на теренот во мечот меѓу неговиот УНИКС и Астана во рамките на кошаркарската ВТБ лига. Нено за 27:30 минути игра постигна 24 поени и беше најефикасен на теренот, со четири поени повеќе од соиграчот Џален Рејнолдс.
УНИКС славеше со 97:75.
Со оваа победа УНИКС е на второто место на табелата со 11 победи и 4 порази, а лидер е ЦСКА.