Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн откри како неговиот тим успеал да дојде до победа над Манчестер Јунајтед (1:0) на „Олд Трафорд“.
Тој сподели дека и пред мечот планот на Баварците бил повеќе да се потпираат на контранапади, па токму така беше постигнат и победничкиот гол.
“Мислам дека го контролиравме натпреварот и создадовме подобри можности за гол. Јунајтед можеше подолго да ја контролира топката, но не бевме мирни и знаевме дека со брзи контранапади можеме да ги победиме. Токму тоа се случи. Секогаш е тешко да се најде мотивација, кога веќе си квалификуван. Но, поразот викендов дополнително не мотивира, па успеавме да оствариме убава победа“, изјави Кејн.
Баерн групната фаза ја заврши на првото место со скор од пет победи и едно реми, додека Јунајтед е последен на табелата.