Ако Тен Хаг добие отказ, неговиот наследник ќе биде Шпанец?

943

Ерик тен Хаг веќе некое време чекори по тенок мраз, а доколку ја продолжи серијата очајни резултати, Манчестер Јунајтед ќе мора да направи потег и да го отпушти.

Елиминацијата од Лигата на шампионите од четвртото место во групата, заедно со седум порази во Премиер-лигата, се уште не се доволни за отказ на Тен Хаг, но не е невозможно тоа да се случи наскоро.

Шпанските медиуми пишуваат дека името кое особено се почитува и се споменува во клубот е Хулен Лопетеги.

Шпанецот е без работа откако го напушти Вулверхемптон, ги одби понудите од Саудиска Арабија, а зад себе има интересно CV.

Беше селектор на Шпанија, потоа накратко раководеше со Реал Мадрид во сезоната 2018/19, а потоа работеше во Севиља со која ја освои Лигата на Европа. Исто така, се паметат неговите успеси со Порто, пред враќањето во Шпанија, па има искуство и знае како да се снајде во тешка соблекувална.

Лопетеги одбил 18 милиони евра годишно од Саудиска Арабија, а се шпекулира дека зад тоа се крие желбата да работи во Премиер лигата.

ПретходноИ Шкендија со реакција: Бараме итно воведување на ВАР во ПМФЛ!
СледноСкандалозно: Тепачка меѓу судии на кошаркарски натпревар! (ВИДЕО)