Во македонската кошарка се чини никогаш не е досадно, осебено. Во Третата лига на дуелот меѓу Водњански Лисици и Бутел Скопје, кој завршил во корист на домашниот тим 81-80, имало драма во која своја улога имал и поранешниот прв човек на КФСМ, а сегашен прв човек на МОК.
Откако судијата на мечот А.Димовски веднаш не го признал кошот на домашните во звукот на сирената на записничката маса влегле неслужбени лица меѓу кои и Даниел Димевски. Според извештајот тој сугерирал дека последниот кош да биде признаен што пак предизвикало недолично однесување на помошниот тренер на гостинскиот тим, поточно на КК Бутел.
По сето ова настанала мешаница на теренот која брзо била решена.
Што точно се случувало можете да прочитате во најновиот билтен на КФСМ.
Казните кои комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ ги изрече можете да ги прочитате во продолжение.