АТП му додели признание на Алкараз кое Ѓоковиќ го чека цела кариера

4977

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е добитник на наградата „Штефан Едберг, награда за фер-плеј, професионализам и интегритет, како на теренот, така и надвор од него.

Алкараз им се придружува на Хозе Хигуерас (1983), Алекс Коретја (1996, 1998) и Рафаел Надал (2010, 2018-21) како четврти Шпанец што ја добил престижната АТП награда, една година откако стана најмладиот број еден на планетата.

„Многу сум среќен што ја добив наградата за фер плеј Штефан Едберг. Особено сум среќен што тоа е наградата што ја избраа моите колеги од турнејата. Многу ми значи, затоа многу ви благодарам на сите“, истакна Алкараз.

Иако Новак Ѓоковиќ освои речиси се во кариерата, тој никогаш не го доби ова признание. Оваа година тој воопшто не беше номиниран.

ПретходноКапитенот на Лутон доживеал срцев удар, сега е стабилен!
СледноСудиите во Турција испратиле список со седум барања до Федерацијата за да се вратат на терените