Италијанецот Доминик Парис е победник на машкиот спуст кој денеска се возеше во Вал Гардена.
Парис, за кого ова е прва победа од март 2022 година, славеше со време 1:59.84. Втор заврши Норвежанецот Килде, додека Брајс Бенет, победникот на првиот зимски спуст одржан во четвртокот на истата патека, заврши како трет.
34-годишниот Парис запиша 22-ра победа во Светскиот куп, 18-та во спуст.
Во генералниот пласман кај скијачите во спуст првото место го делат Бенет и Килде со по 160 поени, додека трет е Парис со 124 поени.
Dominik Paris dethrones Kilde! 😱
A perfect run from the Italian steals the top spot from Aleksander Aamodt Kilde in front of a home crowd in Val Gardena! 🇮🇹#fisalpine pic.twitter.com/w7LuotDGu3
— Eurosport (@eurosport) December 16, 2023