Мурињо јавно му се извини на Санчез: И мене ми беше тешко!

1034

Жозе Мурињо се извини за потегот кој го направи во поразот на неговата Рома од Болоња од 2-0. Португалскиот стручњак го внесе во игра Ренато Санчез, а потоа го повлече после 18 минути игра. И самиот Португалец беше изненаден од одлуката на стратегот на Рома.

Сепак „специјалниот“ не остана должен, по мечот јавно му се извини на Санчез.

„Сакам јавно да му се извинам на Ренато Санчез. Да го повлечам од игра по само 18 минути, секако дека му беше тешко, но и мене ми беше тешко што морав да донесам таква одлука. Имам направено вакво нешто 3-4 пати во кариерата, знам дека не е лесно и му се извинувам на Ренато“, рече Мурињо.

ПретходноЧаир 2030 ја доби драмата со Феникс
СледноТалески блесна во финалето на Супер-Купот