Шок за Дон Карло: Алаба ги скина лигаментите, заврши сезоната за дефанзивецот на Реал!

248

Давид Алаба го чека долга, долга пауза. Веројатно најмалку 7-8 месеци, што значи дека заврши сезоната за дефанзивецот на Реал Мадрид. Тој вчера на мечот против Виљареал тешко се повреди и мораше предвреме да го напушти теренот.

Инаку ова значи дека Алаба нема да игра за својата решрезентација на ЕУРО 2024, за Австрија која е во група со Холандија, Франција и победникот од плеј-офот од А во ЛН, што секако дека е страшен удар за оваа селекција ако се знае дека Алаба е најдобриот фудбалер на оваа репрезентација.

Интересно, за само 3-4 месеци Алаба е третиот фудбалер на Реал кој ги повредува вкрстените лигаменти.

ПретходноМбапе го постигна 180. гол во Лига1, но ПСЖ киксираше
СледноЕлмас и Наполи денеска ќе го дознаат противникот во 1/8 финалето во ЛШ!