Елмас и Наполи денеска ќе го дознаат противникот во 1/8 финалето во ЛШ!

301

Денеска точно на пладне ќе се одржи ждрепката за 1/8 финалето во ЛШ. Мечеви кои се играат следната година и тоа 13/14/20/21 февруари, а реваншите на 5/6/12/13 март 2024 година.

Познато е дека единствен претставник, како фудбалер, е Елиф Елмас со својот Наполи па така Дијамантот и шампионот на Италја денеска нешто после 12 часот ќе го дознаат противникот за оваа фаза во ЛШ.

Ждрепката е полудиригирана, не можат да се паднат две екипи (од носителите и неносителите) од иста земја и екипи кои веќе играле оваа сезона во групната фаза.

Па така Елмас и Наполи за ривал ќе добија било која екипа од носителите освен Реал со кого играа во групната фаза.Image

НОСИТЕЛИ:

Арсенал (АНГ), А. Мадрид (ШПА), Барселона (ШПА), Баерн Минхен (ГЕР), Дортмунд (ГЕР), Манчестер Сити (АНГ), Реал Мадрид (ШПА), Сосиедад (ШПА).

НЕНОСИТЕЛИ:

Копенхаген (ДАН), Интер (ИТА), Лацио (ИТА), Лајпциг (ГЕР), Наполи (ИТА), ПСЖ (ФРА), Порто (ПОР), ПСВ (ХОЛ).

Попладне ќе се одржат ждрепките во ЛЕ и ЛК, а таму за нас е интересно да видие со кого Динамо Загреб ќе се падне поради Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

ПретходноШок за Дон Карло: Алаба ги скина лигаментите, заврши сезоната за дефанзивецот на Реал!
СледноВембањама до нов рекорд, ама Сан Антонио доживеа дебакл, ужасен настап на Кари, Јанис за историја! (ВИДЕО)