Откако не успеа опцијата со Блаж Слишковиќ за селектор на Косово, сега во предне план се две имиња. Едното е Шенол Ѓунеш,славниот турски стратег кој е вистинска тренерска легенда во својата земја и екс селектор кој со својата репрезентација на СП 2002 година беше трет. А второто име е славниот Бразилец, Роберто Карлос. Некогаше член на селекцијата на Бразил како и некогашен фудбалер на Реал Мадрид и други познати клубови.
Ѓунеш е голема желба на раководството на Косово, но тој има понуда и од Азербејџан, додека Роберто Карлос сепак бил втора опција.