ЛК: Адеми и Ристовски налетаа на шпански противник

305

Денеска во Нион беа извлечени и паровите за првата нокаут фаза во Лигата на конференции. Тука ќе играат второпласираните од групите во ЛК и третопласираните од групите во ЛЕ.
Победниците од оваа фаза ќе играат во осминафиналето со победниците на групите во ЛК.
Па така хрватскиот шампион Динамо Загреб за кој играат Адеми и Ристовски ќе се сретне со Бетис. Првиот дуел ќе се игра на 15 февруари во Севиља, а реваншот на 22 февруари во Загреб.
Ајакс кој не помина во ЛЕ, успеа како третопласиран да влезе во ЛК, а таму за противник ќе го има норвешки Бодо/Глимт кој беше втор во групата Д.

ПретходноФеенорд и Рома во реприза на финалето во ЛК, а за Милан француски ривал
СледноПелистер-Вардар на стартот на плеј-офот