ГРК Охрид се пофали со јапонски ракометар

123

Јапонскиот интернационалец Хироки Матсуока е нов ракометар на македонскиот суперлигаш ГРК Охрид. Тој игра на позицијата среден бек, а во Охрид ќе го носи дресот со број 5 со тоа што потпиша договор до 2025 година.
Инаку Матсуока доаѓа во Охрид од чешкиот Брно, а претходно играл за Осаки Осол и во 2022/23 бил избран за МВП на јапонската лига. Има преку 20 настапи за младинската репрезентација на Јапонија.

„Здраво на фановите на Охрид. Дали сте изненадени што јапонски ракометар ќе игра за Вас? Ние сме можеби многу мали, но играме ракомет премногу брзо. Ќе дадам се за овој тим. Ве молам за поддршка. Возбуден сум со доаѓањето во Охрид, преубав град, големо езеро, фасциниран сум. Се надевам на успеси со овој тим” – изјави Хироки.

ПретходноДе Лаурентис: Јас би формирал Серија Е во која ќе играат само 14 врвни италијански клубови
СледноАл Ахли од Египет е „бронзен“ на Светското клупско првенство