Денвер славеше против Нетс со 122-117 на натпреварот одигран во Бруклин, а Никола Јокиќ приреди уште една добра партија за актуелните шампиони во НБА. Двократниот МВП на лигата и МВП на финалето од минатата сезона постигна 31 поен, имаше 11 скока и седум асистенции.
Она што се истакна на крајот од натпреварот одигран во саботата вечерта беа неговите раце. За време на минута одмор, камерата го сними Јокиќ на клупата, кој беше со рана и раскрварен. Крв имаше и неговиот дрес.
Ова не е нова ситуација за Јокиќ, кој претходно изјави дека ќе почне да се пресоблекува поради повредите што му ги нанесуваат ривалите во борбата под обрачите. Така, во 2019 година, тој се пошегува дека „сто проценти ќе почнат да играат во долги ракави“. „Јас сум број еден во листата по гребнатинки. Цело време крварам, навикнат сум на тоа“, изјави тогаш тој.