Талески денеска ќе се приклучи во репрезентативниот строј!

224

Македонската ракометна репрезентација во Стара Пазова одработува дел од подготовките за настап на претстојното Европско првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија.

Нашите момци ќе играат во два града, Дизелдорф и Берлин, а за противник ќе ја имаат селекцијата на Франција (10.01), Германија (14.01) и Швајцарија (16.01). Само првите две репрезентации ќе обезбедат пласман во следната рунда.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров од денеска на располагање ќе го има Филип Талески, кој имаше обврски со својата Бенфика. Македонската репрезентација ќе се комплетира за два дена за кога е најавено пристигнувањето на искусниот голман, Никола Митревски.

Македонија во Стара Пазова ќе одигра еден пријателски меч, против Црна Гора (29.12), а по договор на двата селектори, мечот ќе се игра 3X30 минути.

По оваа средба „црвено-жолтите“ се враќаат во Скопје, каде во Новата Гордина ќе одиграат уште две тест средби, против Грција (04.01, меч кој ќе биде отворен за јавноста, а додека следниот ден ќе биде од затворен карактер).

ПретходноГотово е: Осимен во Наполи до 2026, откупната клаузула сега изнесува 130 милиони евра!
Следно“Чеканите“ удрија по Јунајтед! (ВИДЕО)