Маестралниот Дончиќ, сега е на 11 поени до фамозната бројка од 10.000 во кариерата, Јокиќ и Денвер со нова победа! (ВИДЕО)

1915

Супер враќање на мега – ѕвездата Лука Дончиќ во дресот на Далас откако не играше за својот тим на последните мечеви пораду повреда. Словенецот утринава на мечот со Сан Антонио забележа трипл-дабл за победа на својот тим од 144:119. Лука имаше 39 поени, 12 скока и 10 асистенции. Сега е само на 11 поени до фамозната бројка од 10.000 во кариерата во НБА. Инаку ова за него беше 62 трипл-дабл во кариерата и шести оваа сезона. И сето ова без да игра во последната четвртина. Дебитантот Виктор Вембања, го пропушти дуелот со Лука поради повреда.

Никола Јокиќ и Денвер редат победи. Србинот против Шарлот застана на 18 поени, 10 скокови и 9 асистенции и една му недостигаше за нов трипл – дабл.

Да кажеме дека Денвер го доби овој дуел со 102:95.

На останатаите мечеви се постигнаа следните резултати:

Њујорк – Милвоки 111:130, ЛА Клиперс – Бостон 108:145, Индијана – Орландо 110:117, Њу Орлеанс – Хјустон 104:106, Атланта – Мемфис 119:125, Бруклин – Детроит 125:115, Торонто – Јута 119:126, Чикаго – Кливленд 95:109, Оклахома – ЛА Лејкерс 120:129, Голден Стејт – Портланд 126:106, Сакраменто – Минесота 98:110.

ПретходноСопственикот на Детроит им одговори на навивачите: Не го продавам клубот!
СледноЏошуа победи, Вајлдер загуби ама Роналдо мораше да го “трпи“ здодевниот МекГрегор! (ВИДЕО)