Утринава во Ријад (С. Арабија) се одржа боксерски спектакл наречен “Денот на пресметката“.
Британецот Ентони Џошуа се прикажа во вистинско светло и успеа да го совлада Ото Валин од Шведска во главната борба на вечерта. Џошуа доминираше па затоа тренерите на Валин да ја прекинат борбата во петтата рунда, Ова беше 27 победа на Џошуа во неговата професионална кариера.
За разлика од него Деонте Вајлдер е далеку до својата посакувана форма и мора да си признае дека неговите најдобри боксерски денови се минато. Американецот доживеа сензационален пораз од Џозеф Паркер од Нов Зеланд и тоа на поени. Ова за Вајлдер беше третиот пораз во кариерата.
Од друга страна во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо кој беше меѓу специјалните гости веднаш до рингот во неговиот Ријад.
Секако дека кога седна до него Конор МекГрегор не ни претпоставуваше дека Ирецот, познатиот УФЦ борец, ќе ја расипе вечерта. Конор постојано нешто му говореше на Кристијано, овој во одреден момент “вртеше“ со очите давајќу му знаци на својот нов “пријател“ да престане, ама Конор беше здодевен и не престануваше.
Уживанција за новинарите и фоторепортерите како што може да се види од видеото.
UNREAL SCENES! 🤩
"Who's winning this one?!"
Conor McGregor chops it up with Cristiano Ronaldo and compares watches ⌚ 😅
Watch #DayOfReckoning LIVE on TNT Sports Box Office ▶️ https://t.co/xn85V5NLHU pic.twitter.com/8xBdJbUNlz
— Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) December 23, 2023