Нашата ракометна селекција на денешната контрола против Црна Гора успеа по 60.минута да слави со 39:37 (22:17). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ги добија првите две полувремиња, договорот беше да се игра и трето, сите по 30.минути, но мечот според црногорската федерација беше заклучен со овој резултат од 39:37 за Македонија.
Ова беше добра контрола за нашите момци кои ги очекува и настап на ЕУРО 2024, како што е познато ние сме во група со Франција, Германија и Швајцарија.
До почетокот на ЕП, нашата репрезентација ја чека и две пријателски средби со Грција на 4-5 јануари.