Го имаме првиот фудбалски клуб во светот кој освојува трофеј во 2024 година. Се работи за екипата на Кичи која во финалето на Лига купот на Хонг Конг го совлада Ли Мен Вориорс и со тоа се закити со трофејот.
Инаку за Кичи ова е четврти трофеј по ред во Лига купот но во период од 12 години затоа што овој турнир два пати бил откажуван.
Кичи ги совлада „воините“ на пенали откако во регуларниот дел мечот резултатот беше 2:2.










