Тринкиери: Ако се плашите да шутнете, играјте шах!

235

Новиот тренер на Жалгирис, Андреа Тринкиери беше крајно незадоволен по поразот на неговиот Жалгирис од Асвел. За време на еден од тајм-аутите имаше интересна порака до своите играчи.

“Оваа игра се вика кошарка. Ако се плашите да шутирате затоа што се плашите да не згрешите, тогаш правете нешто друго во вашиот живот. Треба да играте шах. Никој овде нема да крене прст ако промашите добар удар”, рече Тринкиери. 

Тајм-аутот на Тринкиери го коментираше и селекторот на српската шаховска репрезентација, Миодраг Перуновиќ.

„Уште еден „интересен“ коментар за шахистите. Тренерите во последно време се почесто даваат вакви коментари. Тажно…“, објави на социјалните мрежи.

Следните два меча тимот од Каунас ќе ги игра против Валенсија и Барселона во Шпанија.

ПретходноРекордна парична награда за победникот на Африканскиот Куп
СледноИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 15.453.000 И ВО 2023 РЕКОНСТРУИРАШЕ ИГРАЛИШТА