Вечерва се одржа ждрепката за 1/16-финалето од англискиот ФА Куп. Во оваа фаза ќе гледаме две премиерлигашки пресметки меѓу Манчестер Сити и Тотенхем, како и дуелот меѓу Челзи и Астон Вила.
Ливерпул кој го елиминираше Арсенал имаше одлична ждрепка, па во следната рудна ќе го чека подобриот од дуелот на нисколигашите Норич и Бристол Р. Премиерлигашки дуел ќе има и во Лондон каде Фулам ќе го пречека Њукасл.
Натпреварите ќе се играат на 27 јануари со почеток од 16:00 часот, додека пак заостанатите натпревари од 1/32-финалето ќе се доиграат на 16 јануари. Останатите парови се:
Вотфорд – Саутемптон
Блекбурн Р. – Врексам
Бормут – Свонси
Вест Бром – Брентфорд или Вулвс
Вест Хем или Бристол С. – Нотингем Ф. или Блекпул
Лестер – Хал или Бирмингем С.
Шефилд В. – Ковентри
Челзи – Астон Вила
Ипсвич Таун – Мејдстон Јунајтед
Ливерпул – Норич или Бристол Р.
Тотенхем – Манчестер Сити
Лидс Јунајтед – Плимут Аргајл
Кристал Палас или Евертон – Лутон или Болтон
Њупорт К. или Истлиџ – Виган или Манчестер Јунајтед
Шефилд Ј. – Брајтон
Фулам – Њукасл