„Аларм“ во Дортмунд: На тест меч примија три гола за девет минути

513

Јули е предвиден за одигрување на пријателски натпревари, со цел тимовите добро се воиграат пред новите сезони, кои главно почнуваат во август.

Разочарување денеска доживеа Борусија Дортмунд, која беше поразена од Бохум со 1:3. Трите гола тимот од Дортмунд ги прими за само девет минути.

Новотни во 67. минута донесе 0:1, па Гандолуа во 69. минута, а на 0:3 зголеми Бокхорн во 78. минута. Пашалиќ во 83. минута само намали.

Дортмунд, сепак, играше без неколку играчи како Халанд, Хумелс, Аканџи, Витцел, Азар… Но тука беа Бранд, Ројз, Дахуд…

Борусија до почетокот на сезоната ќе игра уште со Атлетик Билбао, Болоља и Вехен. Сезоната ја почнува на 14 август со Ајнтрахт.

ПретходноПријателска: “Лавовите“ поразени од ЦСКА 1948 во Банско!
Следно“Пиратите“ со убедлив триумф над Кадино