Го одбил големиот Баерн за да направи трансфер во Тотенхем

424

Централниот бек на Џенова, Раду Драгушин стана интересен за бројни европски клубови кои во него видоа квалитетен играч. Списокот беше долг но Баерн Минхен и Тотенхем беа најупорни за на крајот младиот фудбалер да го одбере лондонскиот клуб.

Утринава донесовме одлука. Се спремавме да одиме во Лондон, а пристигна убава понуда од Баерн. Се работи за еден од најголемите клубови во светот. Но ја одбивме. Не ми се верува дека го направивме тоа, го одбивме Баерн!

Претходно одлучивме за Тотенхем и Раду остана на зборот. Мислам дека задоцнија од Баерн, ние веќе бевме на пат кон аеродромот за да летнеме за Лондон. Малку сме збунети. Но на крајот тоа го сакаше Раду и неговата фамилија. Тој е среќен што ќе игра за Тотенхем“, изјави неговиот агент Флорин Манеа според „ГСП.ро“.

Трансферот изнесува 25 милиони евра плус 5 милиони евра во форма на бонуси. Договорот е до јуни 2029 година со нето плата од 3 милиони евра. Како дел од трансферот Тотенхем ќе го испрати Џад Спенс на позајмица во Џенова.

А Џенова убаво заработи затоа што го купи Драгушин за пет милиони евра од Јувентус минатото лето.

ПретходноАмериканците шокирани: Зошто Јокиќ не е прогласен за најдобар кошаркар во Србија?
СледноФабио Канаваро: “Клупата на Наполи? Спремен сум, ама јас не одлучувам за тоа!“