Лино Червар, еден од најдобрите ракометни тренери во Европа, некогашен стратег на Металург и предводник на репрезентацијата на Македонија, секако дека секогаш е интересен со своите коментари кога станува збор за вака големи натпреварувања, како што е ЕП.
Популарниот Лино за црногорскиот портал “Лобспорт“, покрај останатото говореше и за нашата селекција:
“Македонија се падна во исклучително тешка група. Избранците на Кире Лазаров тешко дека може нешто да бараат против Франција и Германија, евентуално може да се победи Швајцарија. И кога е така тогаш јасно е дека крајно некоректно ќе биде од Лазаров да се бара да ја мине групата“ потенцираше Червар.