Поранешниот англиски селектор со шокантна изјава: Наскоро ќе го напуштам овој свет

1686

Познатиот фудбалски тренер, Швеѓанецот Свен Ериксон (75) за шведските медиуми ја откри дека боледува од рак.
„Добро познато е каква е болеста која јас ја имам. Претпоставките дека имам за жал се покажаа како точни. Ќе се борам додека можам. Подобро ми е кога не размислувам на тоа“, изјави Ериксон кој тврди дека му останува уште една година живот, можеби и помалку.
Во својата кариера Ериксон беше тренер на Бенфика, Рома, Фиорентина, Лациио, Манчестер Сити и Лестер. Како селектор ги водеше репрезентациите на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипини каде што го имаше последниот тренерски ангажман во 2019 година.

ПретходноЛазаревски: Има повеќе позитивни работи од негативни!
СледноВардар се раздели и со Лука Трајкоски!