Ѓоковиќ ги дозна противниците на патот до титулата на Австралија опен

678

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ дозна кои му се притивници во налетот на освојување на 11. титула на Австралија опен.
Српскиот тенисер во првото коло ќе игра со квалификант, а потоа противник ќе му биде победникот од австралискиот дуел Алексеј Попирин – Марк Полманс.
Во 3.коло можни противници Енди Мари, Гаел Монфис и Томас Ечевери. Потенцијални противници во четвртото коло се Бен Шелтон, Адријан Манарино и Стен Вавринка.
Во четвртфиналето би можел да се соочи со Стефанос Циципас, а исто така можен ривал е Тејлор Фриц.
Тениски спектакл е можен во полуфиналето со Јаник Синер. Покрај него во полуфиналето противници можат да му бидат Алекс де Минор, Френсис Тијафо и Андреј Рублев.
Во евентуалното финале Ноле може да игра со Карлос Алкараз, Данил Медведев, Александар Зверев и Холгер Руне.
АО се игра од 14. до 28. јануари. Титулата ја брани токму Ѓоковиќ.

ПретходноВардар се раздели и со Лука Трајкоски!
СледноИ официјално: Санчо се врати во Дортмунд! (ФОТО)